×

We use cookies to help make LingQ better. By visiting the site, you agree to our cookie policy.

LingQ Mini Stories, 10 - Јован оди на роденденска забава – Text to read

LingQ Mini Stories, 10 - Јован оди на роденденска забава

Beginner 2 Macedonian lesson to practice reading

Start learning this lesson now

Десетта приказна: Јован оди на роденденска забава

Јован оди на роденден.

Мора да и купи подарок на Магдалена.

Сепак, Јован не оди на многу забави.

Се чувствува загрижен и не знае што да купи.

Магдалена сака накит, животни и сина боја.

Јован оди во продавница за накит.

Гледа прекрасен сребрен ѓердан.

На ланчето има сина мачка.

Јован е среќен и го купува ланчето.

Се надева дека ќе ѝ се допадне на Магдалена.

Сега истата приказна кажана од друга личност.

Одам на роденденска забава.

Треба да купам подарок за Магдалена.

Сепак, не одам на многу забави.

Се чувствувам загрижен и не знам што да купам.

Магдалена сака накит, животни и сина боја.

Одам во продавница за накит.

Таму гледам прекрасен сребрен ѓердан.

На ланчето има сина мачка.

Среќен сум и го купувам ланчето.

Се надевам дека ќе ѝ се допадне на Магдалена.

Прашања:

Сега имам неколку прашња, пробајте да ги изговорите или слуштнете ги одговорите.

1) Јован оди на роденден.

Дали Јован оди на роденден?

Да, Јован оди на роденден.

2) Јован не оди на многу забави и се чувствува вознемирен.

Дали Јован оди на многу забави?

Не, Јован не оди на многу забави и се чувствува вознемирен.

3) Магдалена сака животни и сина боја.

Дали Магдалена сака животни?

Да, Магдалена сака животни и сина боја.

4) Јован оди во продавница за накит.

Дали Магдалена оди во продавница за накит?

Не, Магдалена не оди во златарница, туку Јован оди.

5) Јован гледа сребрен ѓердан.

Дали Јован гледа сребрен прстен?

Не, Јован гледа сребрен ѓердан, а не сребрен прстен.

6) Ѓерданот е сребрен.

Дали ѓерданот е сребрен или златен?

Ѓерданот е сребрен, а не златен.

7) На ѓерданот има сина мачка.

Дали има виолетова мачка на ѓерданот?

Не, нема, на ланчето има сина мачка.

8) Јован го купува ланчето затоа што се надева дека ќе ѝ се допадне на Магдалена.

Дали Јован го купува ланчето?

Да, тој го купува ланчето затоа што се надева дека ќе ѝ се допадне на Магдалена.

Learn languages from TV shows, movies, news, articles and more! Try LingQ for FREE