Трета приказна: На Карина и е здодевно и на работа и дома
На Карина и е здодевно и на работа и дома.
Таа го прави истото секој ден.
Таа сака да има ново хоби.
Прво се обидува да готви.
Но, храната што ја готви не е вкусна.
Потоа се обидува да плива.
Но, таа се плаши од вода.
Карина оди дома и гледа продавница за миленичиња.
Во продавницата таа гледа мачка!
Карина ја купува мачката и сега е многу среќна.
Сега истата приказна кажана од друга личност.
Здодевно ми е и на работа и дома.
Јас го правам истото секој ден.
Сакам да имам ново хоби.
Прво пробав да готвам.
Но, храната што ја готвам не е вкусна.
Потоа се обидов да пливам.
Но, се плашам од вода.
Одам дома и гледам продавница за миленичиња.
Гледам мачка во продавницата!
Ја купувам мачката и сега сум многу среќна.
Прашања:
Сега имам неколку прашња, пробајте да ги изговорите или слуштнете ги одговорите.
Еден - На Карина и е здодевно и на работа и дома.
Дали Карина е среќна на работа?
Не, Карина не е задоволна на работа.
Здодевно ѝ е и на работа и дома.
Два - Карина го прави истото секој ден.
Дали Карина прави различни работи секој ден?
Не, Карина го прави истото секој ден.
Три - Карина сака да има ново хоби.
Дали Карина сака да има ново хоби?
Да, Карина сака да има ново хоби.
Четири - Храната што ја готви Карина не е вкусна.
Дали Карина е добра готвачка?
Не, Карина не е добра готвачка.
Храната што таа ја готви не е вкусна.
Пет - Карина се плаши од вода.
Дали Карина сака да плива?
Не, Карина не сака да плива.
Таа се плаши од вода.
Шест - Карина гледа мачка во продавница за миленичиња.
Дали Карина гледа мачка во продавница?
Да, Карина гледа мачка во продавница за миленичиња.
Седум - Карина ја купува мачката од продавница за миленичиња.
Дали Карина ја купува мачката?
Да, Карина ја купува мачката од продавница за миленичиња.
Осум - Карина е многу среќна затоа што има мачка.
Дали на Карина сега и е здодевно?
Не, на Карина не и е здодевно.
Таа е многу среќна бидејќи има мачка.